Магазин

Почина Џеваир Јакупи, скопјани преку социјалните мрежи се простија од познатиот бербер

Скопјани се простуваат од познатиот скопски бербер Џеваир Јакупи, кој почина на 38 годишна возраст.

Дел од неговите клиенти и познаници биле и познати личности.

Поранешниот директор на Пошта и пратеник Јани Макрадули се прости на фејсбук од Јакупи, за кого напиша дека Скопје загуби вистински човек.

„Скопје загуби ЧОВЕК. Сочувство до најблиските…“, напиша Макрадули на фејсбук.

На почеток