Маск негира дека разговарал со Путин
Американскиот милијардер Илон Маск ги негираше тврдењата на основачот на Групацијата Евроазија, Иан Бремер, дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
Во објава на Твитер, Маск напиша дека со Путин разговарал само еднаш, пред околу 18 месеци.
„Темата беше вселената“, напиша Маск.
Бремер тврди дека Маск му кажал дека разговарал со Путин пред две недели, според копија од мејлот до кој имал пристап Форбс. „Путин му кажа на Маск дека Украина мора да прифати неколку услови, вклучително и признавање на Крим и сепаратистичките Народни републики Доњецк и Луганск“, рече Бремер.
Тие услови се сосема слични на она што Маск го предложи во објава на Твитер минатата недела, пишува Форбс.
Во соопштението минатата недела, Маск ја повика Украина да остане неутрална и формално да и го отстапи Крим на Русија и предложи одржување референдум под надзор на Обединетите нации за тоа дали окупираните украински територии треба да се приклучат на Русија.
elon musk told me he had spoken with putin and the kremlin directly about ukraine. he also told me what the kremlin’s red lines were.
— ian bremmer (@ianbremmer) October 11, 2022