Свет

Пронајдени тела на 15 мигранти во Тунис

Туниската крајбрежна стража извлече тела на 15 мигранти од морето кај брегот на Махди, објави денеска туниската државна новинска агенција.

Властите ќе работат на идентификување на телата, главно на африкански мигранти, додава агенцијата, пренесе Ројтерс, пишува Танјуг.

Земјите од Магреб како Тунис, Алжир, Либија, Мавританија и Мароко со години се сведоци на обиди на мигранти, главно од субсахарска Африка, да стигнат до Европа, надевајќи се на подобар живот.

Додека некои од мигрантите успеваат да стигнат до својата дестинација, други често умираат за време на патувањето.

На почеток