Македонија

Апасиев ќе го пријави Џафери оти објавил негови лични податоци

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе го пријави собранискиот спикер Талат Џафери затоа што објави негови лични податоци, односно домашната адреса.

Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го достави и до медиумите. Тој ќе реагира до Агенцијата за заштита на лични податоци. Инаку, Џафери ја врати на доработка иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог.

На почеток