(Видео) Џафери се налути оти се зборува за трагедиите од минатите години и му рече на Тошковски: Води сметка за односот кон мене


Пратеникот Талат Џафери му постави пратеничко прашање на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во однос на трагедијата во Кочани и моралната одговорност. Тошковски одговори, а Џафери му се налути.
„Добро е да ме слушате, јас ве слушав кога ми го поставувавте прашањето. Еднаш засекогаш, треба секој што има надлежност според закон да си ја работи работата. Секој еден, македонски граѓанин, заслужува да живее во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. И одговорност, а ќе ја видат, за сите четири предмети“, рече Тошковски.
„Јас ти кажувам кога ќе се обратиш на пратеник, а особено за мене, да водиш сметка на односот, прво меѓучовечки и ти и било кој. Ако сте навикнати како министри да дојдете и така да ги вреѓате, и ти и сите кои доаѓате.. Друго јас си поставив најкоректно можно прашање за она што ви е надлежност. И ако е така како што велиш, дека чувствуваш морална одговорност, уште сега, стани овде, поднеси оставка и тоа ти е моралната одговорнсот“, рече Џафери.
Нему му пречи што се зборува за траедијата во Модуларната болница во Тетово.
„Кога ќе се работи за политички поени, ќе го мотаме Тетово, Тетово.. Оставете, не ги убивајте по вторпат. Секој пат кога ќе ги споменете, ги убивате! Секојпат кога ќе ги споменете тие случаи по вторпат ги убивате! Секој пат ги убивате. Им нанесувате болка на тие фамилии. Земете поднесе процедура, Анкетна комисија нека се прави, да се види“, рече Џафери.
