Одговорноста е кај граѓаните ако немаат парно, порача директорот на ЕСМ
Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, кажа дека граѓаните се виновни ако немаат парно денеска. Тој вика дека топлина има, а жителите требало да си ги сервираат радијаторите.
„Одговорноста е кај граѓаните, не кај ЕСМ. Пуштени се топланите исток и запад. Самите граѓани мора да ја примат топлинската енергија. Со оглед дека има повисоки температури, во 09-15 прекина работата на котлите“, кажа Ковачевски.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, се пофали дека топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона.
„Денеска имаме парно во Градот Скопје и електрична енергија, тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние не зависиме од другите. Ги вклучуваме сите наши капацитети. Сите предлози се добредојдени, ќе ги разгледаме. Најдобрите понуди ќе бидат прифатени, за најевтино да ја поминеме зимската сезона“, кажа Бектеши.