JСП денес на протест пред владата
Од
Објавено на
Вработените во ЈСП Скопје денес на пладне ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати.
-Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од денеска,12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП, соопшти вчера генереланиот секретар при Град Скопје, Зоран Глигоров.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, се додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП.