Свет

Блумберг: Америка дефинитивно оди во рецесија

Рецесија сигурно ќе започне во САД во следните 12 месеци, според новите проекции на Блумберг.

Ова е во целосна спротивност со пораките на американскиот претседател Џо Бајден во пресрет на ноемвриските избори, пренесува Индекс.

Најновите модели на веројатност за рецесија на економистите на Блумберг, Ана Вонг и Елиза Вингер предвидуваат поголема веројатност за рецесија во сите временски рамки, со 12-месечна проценка за рецесија до октомври 2023 година која изнесува 100 проценти, во однос на претходниот пат кога моделот покажа 65 проценти

Додека можноста за рецесија во рок од 12 месеци според моделот достигна 100 проценти, шансите за рецесија да се случи порано исто така се зголемија. Моделот предвидува веројатност за рецесија во рок од 11 месеци на 73 отсто, што е повеќе од 30 отсто во споредба со претходното предвидување на моделот, а веројатноста за 10 месеци се зголеми на 25 отсто од нула отсто.

Лоши вести за Бајден и демократите

Таа прогноза е многу лоша вест за Бајден, кој тврди дека САД ќе избегнат рецесија и дека доколку се случи, ќе биде блага. Со ова тој сака да ги увери граѓаните дека економијата добро оди под неговата администрација. Но, зголемувањето на каматните стапки и инфлацијата ги демантираат неговите тврдења.

Моделот е посигурен за рецесија од другите прогнози. Истражувањето на Блумберг на 42 економисти предвидува дека веројатноста за рецесија во следните 12 месеци сега е 60 отсто, во однос на 50 отсто еден месец порано.

Економијата е главното политичко прашање за Американците во моментов, покажуваат анкетите, а изборите за Сенатот и Домот се три недели. Информациите дека САД ги очекува рецесија ќе им наштети на демократите, ќе го ослабне влијанието во Сенатот и Претставничкиот дом, а со тоа и на самиот Бајден.

Иако податоците за вработеноста се многу добри, зголемената инфлација сè уште е најголемата грижа на просечниот граѓанин на САД.

На почеток