(ВИДЕО) „Ова се на Даниела кокошката масло, што не пушта плата“, вели вработен кој е револтиран по дојавата за бомба

Од
Објавено на

Нервоза кај вработените во ЈСП има од утрово, откако останаа пред вратите на претпријатието наместо на работа, а по дојавата за бомба во автобусите. Од видеото испратено до редакцијата на „Скопје1“ се слуша како вработен вели: „Ова се на Даниела кокошката масло, што не пушта плата“.
А пред ЈСП во Автокоманда, десетици полицајци, дупло повеќе вработени кои чекаат да заврши пребарувањето на теренот. Ваквата пријава за бомба преку е-маил доаѓа два дена откако вработените излегоа на протест и најавија дека нема да возат, а техничарите дека нема да работат – додека не добијат плата.
