Скопје

Бадијала чекате, автобуси на ЈСП – нема

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утринава во пет часот, на почетокот на работното време, останаа во гаража.

Скопјани бадијала ќе чекаат на станица, автобусот нема да дојде.

Вработените на ЈСП ќе бидат во автобазите на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда.

На вонредната седница на Советот на Град Скопје, вчера се одвиваше расправија, а присутните меѓусебно си ја префрлаа вината. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а и советниците на СДСМ вината ја гледаат во локалната власт.

Арсовска пак, повторно имаше расправија со претседателот на Советот, Трајко Славевски, а на советниците им порачуваше да не шират лаги во јавноста.

Заклучокот е дека за прв пат во својата историја, Градот Скопје останува без јавен превоз.

На почеток