Скопје

(ФОТО) 60 работници на ЈП „Комунална хигиена“ го чистеа центрот на Скопје

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците.

„Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија.

Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците.

Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток