Aвтобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град
Денес автобусите на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените.
Советот на Скопје донесе одлука за пренамена на средства за исплата на плати за вработените, а градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на институциите кон ЈСП, но и одговорност од раководството и сите кои придонеле за лошата состојба во претпријатието.
Скопјани вчера по прв пат останаа без услугите на јавниот градски превоз, поради проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП.
Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење линиски превоз за студенти и ученици во средно образование.