Актуелно

„Одлуката за обука на украинските војници во Хрватска е донесена“, вели Пленковиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека одлуката за обука на украинските војници во Хрватска е донесена.

Тој изјави дека претседателот Зоран Милановиќ ќе треба да објасни зошто е против тоа.

„Одлуката е донесена. Буџетот на мисијата е околу сто милиони евра. Се работи за обука, тоа не значи дека 100.000 војници ќе дојдат и потоа ќе одат во Украина. Нема ништо посебно во тоа. Хрватска може да понуди некоe свое свое специфично знаење во овој поглед. Тоа се насочени придонеси за пошироката мисија“, рече Пленковиќ на крајот од вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

Милановиќ претходно изјави дека додека тој е врховен командант, украинските војници нема да се обучуваат во Хрватска и дека тоа би значело војна во Хрватска.

На прашањето за финансискиот трансфер во Украина од Хрватска, Пленковиќ вели дека идејата е да се соберат пари од повеќе извори, организации, земји и да и се обезбеди на Украина ликвидноста што и недостасува.

„Дел од средствата ќе бидат повлечени од фондовите на ЕУ“, рече Пленковиќ, јави загрепската телевизија N1.

Енергијата, Украина, тоа беа главните теми на самитот, рече Пленковиќ и додаде:

„Намалување на цените на бензинот, сигурна понуда и намалена побарувачка – ова се главните цели. Благодарение на механизмот што сега го создадовме, ќе се погрижиме цените на бензинот да не се зголемуваат. Гасот ќе се набавува преку заедничка платформа. Долгорочната цел е транзицијата кон обновливите извори на енергија“.

На почеток