Свет

(ФОТО) Вучиќ: Ова е стадион според највисоките стандарди на УЕФА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги посети работите на изградба на новиот Градски стадион во Лесковац.

„Пресметајте дека од 2-3 април може да играте натпревари на овој стадион“, рече Вучиќ и истакна дека би сакал да ја види фудбалската репрезентација како игра во Лесковац.

„Кога почнавме, луѓето мислеа дека тоа е глупост“, рече тој.

Потоа ја започна обиколката на стадионот и потврди дека последен пат ги обиколил работите пред една година, поточно на 14 јуни 2021. Тој изјави дека оттогаш е направено многу.

„Лесковац постигна најдобар напредок во финансиите. Денес Лесковац е град за пример“, рече тој.

Стадионот се уште нема име и ќе може да прими над 8.000 луѓе.

Вучиќ изјави дека ова е стадион според највисоките стандарди на УЕФА.

„Можам само да замислам каква ќе беше атмосферата доколку нашата репрезентација дојде овде. Луѓето овде се енергични“, рече тој.

На почеток