Сведоштво на семејството на Боки 13: Хематоми, рани, ова на ниту еден родител не го посакуваме
Она што го видов како родител, не го посакувам на ниту еден друг родител да го доживее со своето дете. Вака Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски-Боки 13 за „А1он“ ја опишува состојбата на неговиот син, кого го посетил во текот на денешното попладне. Тој потенцира дека тој и неговата сопруга, мајка на Боки 13 се загрижени за севкупната здравствена состојба на синот.
За состојбата во која се наоѓа по претепувањето, Миле Јовановски за „А1он“ посочува: „Бојан има видливи повреди, хематоми по главата, рани по лицето и околу устата, повредена му е левата рака и чувствува константни болки во стомакот, бидејќи тој веќе и има хронично абдоменално заболување, а домската лекарка буквално се изживува и не му пружа никаква медицинска помош и нега, не ја дава задолжителната терапија“.