Свет

Отворени избирачките места во Црна Гора

Утрово беа отворени избирачките места во 14 црногорски општини, вклучително и Подгорица.

Право на глас за избор на локални власти имаат околу 350.000 граѓани, а првата нерегуларност е забележана во Шавник каде едно избирачко место веднаш по отворањето е затворено, јавува РТЦГ.

Освен во Подгорица, избори се одржуваат и во Бијело Поље, Бар, Будва, Даниловград, Жабљак, Зета, Колашин, Пљевља, Плав, Плужине, Рожај, Тиват и Шавник.

Локалните избори се одржуваат во време на тешка политичка криза во Црна Гора, каде две влади се сменија во текот на две години.

Локалните избори се одржуваат според старите изборни закони и покрај неколкугодишните повици на Европската унија за спроведување на изборните реформи.

Се очекува главната битка да се води на изборите во Подгорица каде живеат речиси 190.000 жители, речиси една третина од граѓаните на Црна Гора.

На почеток