Свет

Американците испратија борбени авиони: Граѓаните во страв

Синоќа околу 20:40 часот ниско над Дубровник летале неколку воени авиони.

Се слушнал силен, продорен звук, а голем број граѓани излегле на своите балкони да проверат што се случува.

Според граѓаните, авионите слетале на аеродромот во Дубровник.

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека биле вклучени американските авиони Ф-18.

Американскиот носач на авиони Џорџ Х.В Буш врши редовни активности во Средоземното Море. Имено, како дел од тренажните активности, во понеделник, 24.10.2022 година, во текот на вечерта на аеродромот во Дубровник слетаа 8 авиони Ф-18 за полнење гориво – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Од тој ресор посочуваат дека посетите на сојузничките борбени авиони се вообичаени во НАТО алијансата, особено во областите каде што се активни воздухопловните и борбените авиони на американската морнарица и американските маринци.

„Посетата и полнењето гориво се вршат на аеродромите на земјите членки на Алијансата, каде што најмалку е попречен цивилниот воздушен сообраќај и кои ја имаат потребната инфраструктура и капацитети потребни на сојузничката авијација“, соопшти Министерството за одбрана.

На почеток