Актуелно

„Ако Киев употреби „валкана бомба“, Москва ќе го оцени како акт на нуклеарен тероризам“, вели Небензје

Ако Киев употреби „валкана бомба“, Москва ќе го оцени како акт на нуклеарен тероризам, се вели во писмото на рускиот претставник во ОН, Василиј Небензје.

Писмото, како што пренесува Спутник, било адресирано до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до чија содржина имал пристап порталот. Во писмото се наведува дека Киев може да изврши провокација со поддршка на западните земји.

И нашето Министерство за одбрана доби информации дека оваа провокација може да се изврши со поддршка на западните земји“, се наведува во писмото.

Русија апелира до западните земји да влијаат на режимот во Киев за да се откаже од плановите за употреба на „валканата бомба“. Исто така, се нагласува дека ваквите планови ќе имаат сериозни последици и ќе предизвикаат огромни загуби кај населението.

Небензја во писмото наведува дека Москва и „го повикува генералниот секретар да направи се што е во негова моќ за да го спречи спроведувањето на ова грозоморно злосторство“.

Дополнително, во писмото се нагласува дека Русија не планира да користи нуклеарно оружје во Украина. „Ниту руските власти, ниту Министерството за одбрана не ја спомнаа можноста за таква апликација“, вели Небензја.

На почеток