Русија има информации за подготвеноста на Киев да користи „валкана бомба“
Амбасадорот на Руската Федерација во САД, Анатолиј Антонов изјави дека западните земји кои ја поддржуваат владата во Киев ја загрозуваат безбедноста.
Тој додаде дека тие дури и ги загрозуваат животите на сопствените граѓани во обид да ја наклеветат Русија.
„Очигледно, имаме работа со целосна атрофија на критичкото размислување. Во нивната манијакална желба да ја клеветат Русија и да ја воздигнат Украина, западните земји се подготвени да ја ризикуваат безбедноста, благосостојбата, па дури и животите на сопствените граѓани“, рече Антонов во интервју за Newsweek, коментирајќи ги наводите дека Украина планира да употреби „валкана бомба“, пренесе ТАС С.
Според дипломатот, независните медиуми и експерти имаат одговорност да ги отворат очите на сите и да укажат што навистина се случува на теренот и да ја расветлат опасноста од западните авантури кои водат до неповратни последици и масовна смрт на невини цивили.
Шефот на руските единици за радијациона, хемиска и биолошка заштита, Игор Кирилов, на прес-конференција во понеделникот рече дека руското Министерство за одбрана ги подготвило своите сили да дејствуваат „во услови на радиоактивна контаминација“, бидејќи имаат информации за подготвеноста на Киев да користи „валкана бомба“.
Информации за наводните планови на Украина да употреби „валкана бомба“ презентираше и министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Лавров, кој додаде дека Москва ќе го покрене ова прашање во Советот за безбедност на ОН.
Во телефонски разговори со колегите од САД, Велика Британија, Турција и Франција, Шојгу предупреди на заканата од Украина.
Вашингтон, Лондон и Париз најавуваат дека не веруваат во таа информација, пренесува ТАС С.