Познат идентитетот на загинатите кај Битола

Од
Објавено на

Од Министерството за внатрешни работи информираат за трагедијата кај Битола.
„Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица“, велат од МВР.
Тие додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител.
„Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција“, порачаа од МВР.
