Македонија

Две жртви во пожар во Битола

Попладнево околу 17:30 избувна пожар кај ресторанот „Кисела Вода“ во Битола.

Регионалниот центaр за управување со кризи Битола информира дека противпожарните служби гасат пожар кај ресторанот „Кисела Вода“. На терен е едно возило и со пет пожарникари.

До овој момент има пријавено дека има две човечки жртви. Интервенцијата е во тек, екипите се на терен.

Од Центарот за управување најавуваат повеќе информации подоцна во текот на ноќта.

На почеток