Свет

Израел изврши воздушен напад на периферијата на Дамаск

Израел синоќа изврши воздушен напад врз цели во близина на сирискиот главен град Дамаск, објави сириската новинска агенција САНА.

Според извор од сириските безбедносни сили, нападот бил извршен во 0:30 часот по локално време, пренесе ТАСС.

„Израелскиот непријател изврши воздушни напади од окупираните палестински територии и погоди неколку објекти во близина на главниот град“, соопштија сириските безбедносни сили. Некои од проектилите биле соборени од сириската ПВО, додека другите проектили предизвикале материјална штета.

Сириските медиуми објавија дека во раните утрински часови на 22 октомври, Израел погодил неколку објекти во близина на Дамаск, како и на 24 октомври, кога бил ранет сириски војник.

На почеток