Актуелно

Русија со предупредување до Гроси: Внимавај

На затворена седница на Советот за безбедност на ОН, Русија повторно го покрена прашањето за „валканата бомба“ што Киев се подготвува да ја употреби во Украина.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја на таа седница рече дека Западот не треба да ја игнорира оваа закана.

„Би биле среќни ако грешиме, но не можеме едноставно да ги игнорираме тврдењата кои се многу сериозни и кои можат да загрозат крајно непријатни последици. Апелираме до нашите колеги да направат се за да се спречи ова страшно сценарио“, рече Небензја.

Руските дипломати го предупредија генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да внимава, бидејќи двата објекти што ќе бидат проверени од експерти на МААЕ не се единствените каде Киев има можност да направи „валкана бомба“.

Небензја посочи дека претставниците на западните делегации на затворената седница на Советот за безбедност на ОН го пропагирале „вообичаениот наратив дека Русија подготвува операција под лажно знаме“.

Тој најави и дека Гроси ги информирал членките на Советот за безбедност на ОН за состојбата во нуклеарната централа Запорожје.

Како што најави генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, мисијата на МААЕ за неколку дена ќе пристигне во Украина за да ги провери информациите дека Киев подготвува провокација со „валкана бомба“. Според него, ќе бидат потребни уште неколку дена за да се извлечат заклучоци.

Мисијата на МААЕ ќе ги посети само оние објекти каде според руските информации можеби се во тек подготовки за изработка на „валкана бомба“.

На почеток