Свет

Епилог од грозоморниот случај во Турција: Ја турнал од карпа за да земе пари од осигурувањето

Хакан Ајсал беше уапсен минатата година за убиството на неговата бремена сопруга Семра Ајсал, што се случи во јуни 2018 година додека тие беа на одмор во долината на пеперутките, провинцијата Мугла на медитеранскиот брег на Турција.

Полицијата го обвини Ајсал дека убил седуммесечна трудница туркајќи ја од карпа висока 300 метри, а Семра инаку се плашела од височина.

Пред убиството, двојката се фотографирала на карпа, а обвинителите потоа тврделе дека Ајсал планирал се да изгледа како несреќа за да добие пари од осигурувањето кое било договорено пред смртта на Семра. Имено, тој на нејзино име подигнал полиса за осигурување од незгода со гаранција од приближно 46.000 евра.

Минатата година, во јавноста беше објавено видео на кое се гледа како двојка оди по опасните падини неколку моменти пред жената да биде турната.

Обвинителите рекоа дека поминале три часа на карпата бидејќи Ајсал чекал момент кога нема никој околу нив. Штом сфатил дека се сами, ја турнал во провалија.

Ајсал тогаш тврдеше дека тој не е одговорен за смртта на Семра.

– По фотографирањето, мојата сопруга го стави телефонот во чантата. Подоцна ме замоли да и го дадам телефонот. Станав и штом тргнав на неколку чекори за да ја земам чантата, ја слушнав сопругата како вреска. Кога се свртев, ја немаше. Не ја турнав сопругата – изјави Ајсал во своја одбрана.

На четириесетгодишниот Хакан Ајсал турскиот суд во вторникот му нареди да одлежи најмалку 30 години пред судиите воопшто да размислат за неговото ослободување.

На почеток