Магазин

(ФОТО) Синди Крафорд на насловната на „Вог“, уредниците ја опишаа како икона

Светскиот топ модел Синди Крафорд на 56 години се сликаше за насловната страница на полското издание на „Вог“. Модните уредници ја опишаа како икона и избраа две фотографии за насловната. Крафорд сликаше и едиторијал за модниот магазин.

Американската манекенка се прослави во 1990те години и беше меѓу најпознатите модели. Таа во својата кариера учествуваше на модните ревии на скоро сите светски модни дизајнери и се сликаше за насловните на светските списанија. Иако одамна не работи како модел, повремено снима реклами и модни едиторијали. Нејзината ќерка Каја Гербер се занимава со мода, а стилистите често велат дека ќе ја наследи мајка си.

На почеток