Шефот на протокол во МНР си поднесе оставка поради грешката со знамето
Лицето одговорно за протокол во МНР си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.
Ова вчера го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.
„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година“ рече Османи.
Потсетуваме, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но и со згрешено знаме од нејзината држава.
Наместо знаметонаСловенија, на масата стоеше знамето на Словачка