Промени тема
Контакт

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Кандидатот за градпначалник на Чаир, Бујар Османи, самиот најави преговори за влез на ДУИ во Влада, иако власта е децидна дека за нив нема место на „Илинденска“. Османи го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека испраќал пораки преку посредници, а друго зборел во јавност, но и дека Албанците имале општонароден отпор кон него.

„Веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат да преговараат, никој нема да ги земе. Ќе седнеме да преогвараме за заедничко владеење, за да се откочат преговорите со ЕУ...“, рече Османи.

— реклама —

Тој посочи дека гледал фрустрации кај Албанците, нагласувајќи дека Мицкоски им допира по нервите.

— реклама —

„Ја слушнав изјавата на владините претставници кои рекоа дека нема да има парламентарни избори. Тоа е знак на страв и паника, обид да се плашат луѓето со 'еве остануваме во Влада, ќе имате проблеми ако не гласате за нас'. Премиерот знае дека соодносот е 3:1, ги правем анкетите. Меѓутоа тоа што ми пречи е што премиерот продолжува да дава двојни пораки, едни за јавност, други преку посредници. Со порака до нас, дека по изборите треба Владата да се реконфигурира. Ние враќаме и јавно и преку посредниците дека ја поминува црвената линија. Нема поголема навреда од тоа да му кажете на албанскиот народ 'едни ќе земам, други ќе оставам'. Не знам дали тоа го прави свесно или не е свесен кој нерв го допира кај Албанците. Таква навреда дека премиерот ќе земе некои Албанци, ќе извади некои Албанци, има допрено до сржта на достинството. Јас ја гледам фрустрацијата. Во Чаир има општонароден отпор кон него“, рече Бујар Османи.

— реклама —

„Сме му кажале дека веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат, никој нема да ги земе. Ова не е ничија држава и Влада, за некој да ги земе, а некој да ги извади Албанците“, додаде тојк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 1 месец

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања