Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Османи во трка по гласови со националистичка реторика, користејќи обвинувања за маргинализација на Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја обвини новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за, како што рече, системска политика насочена кон маргинализација и потиснување на Албанците од сите општествени текови.

— реклама —

„Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на периферните позиции од пред Рамковниот договор“, изјави Османи.

Тој го обвини Мицкоски за длабока нетолеранција кон Албанците, што, според него, се гледа и во личниот однос и во институционалните поставувања, од изборот на најблиските соработници во Владата, до работните групи и делегациите за клучни посети.

— реклама —

Османи како особено понижување го наведе фактот дека ресорот за Охридскиот рамковен договор му бил доверен на, како што го нарече, „Српскиот свет во земјава“. Тој предупреди и на серија чекори кои, според него, ја потврдуваат оваа политика – укинувањето на Балансерот, маргинализирањето на Бадентеровиот механизам и намалувањето на застапеноста на Албанците во Централната банка и финансиските институции.

„Овие механизми – Бадентер, Балансер, јазична застапеност – се заштита од мајоризација, а токму тие се најголема пречка за радикалната националистичка политика на Мицкоски и неговата влада“, нагласи Османи.

Тој се осврна и на улогата на институции како Уставниот суд, ДИК и Централната банка, кои, според него, делуваат како „прокси играчи“ на новата власт. Особено, Османи оцени дека учеството на остатоците од ВЛЕН во Владата е „бедно“, бидејќи тие биле маргинализирани и натерани да играат улога на поданици.

Во своето обраќање Османи порача дека овие избори ќе бидат „референдум за достоинството и еднаквоста на Албанците“.

„Ова не е повеќе обична политичка битка, ова е историски миг во кој Албанците мора да одлучат дали ќе прифатат повторно да бидат неми набљудувачи или ќе застанат за своето достоинство и еднаквост“, изјави Османи.

Тој додаде дека Албанците нема да се откажат од европската перспектива на земјата и ќе се спротивстават на секој обид за приближување кон, како што рече, „српскиот свет и кинеско-руските прегратки“.

„Не сфаќаат зошто овие избори се историски за Албанците. Но наскоро ќе им се разјасни“, заклучи Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања