Актуелно

„Руската армија ги доби сите планови на Украина“, вели украински хакер

Руските војници ги добија сите планови на командата на вооружените сили на Украина, изјави украинскиот хакер со псевдоним „Џокер“ кој премина во ДНР.

Успеал да ја хакира американската командна програма на силите „Делта“ што ја користи Киев.

„Апсолутно се, сите податоци со кои располага украинската команда за сопствените и руските трупи се откриени.

Големиот фајл е веќе испратен таму каде што треба, а јас покажав само мал дел“, рекол хакерот. Како што истакна, програмата „Делта“ е направена во САД и во Украина според стандардите на НАТО, а серверите се наоѓаат во Днепропетровск.

„Покрај интерактивната карта, се користат два отворени извори:’Element’ и ‘Nekst klaud’. Беше користена и обична автентикација на „Гугл“. Сите патишта водат до воената подмрежа „Damba.org.ua“, наведе „ Џокер“.

Според него, не било лесно да се хакира програмата, но „нема апсолутно заштитени системи“.

Хакерот објави на Телеграм дека сите податоци за украинските и руските војници, вклучувајќи ги координатите на опремата и бројот на персоналот, се внесени во програмата „Делта“.

Информациите редовно се ажурираат според разузнавачките информации.

На почеток