Владата на Украина го смени првиот човек на Нафтогас
Владата на Украина денеска го разреши шефот на државната енергетска компанија Нафтогас Јуриј Витренко, изјави пратеникот Олексеј Гончаренко.
Гончаренко објави на Телеграм дека министрите на украинската влада одлучиле едногласно, сугерирајќи дека „политичката волја“ била причина за таа одлука, а не негативни деловни резултати, пренесува Телетрејдер.
Во своето официјално соопштение, Нафтогас потврди дека „Кабинетот на министри на Украина ја прифати оставката на претседателот на управниот одбор на Нафтогас Украина, Јуриј Витренко“, без да ги спомене извештаите дека министерот за заедница и територијален развој Олексеј Чернишов треба да го наследи на функцијата.