„Падна“ директорката Софијанова, откако беше обвинета за злоупотреби
Директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, денеска поднесоа оставка.
Како што кратко соопшти Министерството за здравство, оставките на двајцата директори се поднесени по барање на министерот за здравство Беким Сали.
„Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на министерот, јавноста навремено ќе биде информирана“, наведено е во кусото соопштение од министерството.
Двајцата директори неодамна се соочија со обвинувања за злоупотреби на својата положба од страна на новинар.