Скопје

Повторно се претресуваат средни училишта, нови дојави за бомби

На меил адресите на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба информира Министерството за внатрешни работи.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот информираат од МВР.

Ова е четврти пат да има дојави за поставени бомби во гимназиите во главниот град. Претходните трипати дојавите беа лажни. Во сите случаи идентично имаше евакуација на ученците.

На почеток