Македонија

(ВИДЕО) Опасна дебата на Русковска со Незири и Пауновска, се судрија за гонењето организиран криминал, имаа и остри реакции

Вилма Русковска, Деса Пауновска и Ермон Незири се соочија на дебата во „А1он“. Во најавата стои дека ги судриле ставовите, имале различни аргументи, а единствена сличност е процентот на верба дека ќе станат шефови. Емисијата ќе се емитува утре во 12 часот на пладне, на платформата на „А1он“.

„Пази што правиш можеш да завршиш како Катица Јанева“, вели Русковска во дел од дебатата.

„Обвинителството за организиран криминал, колегите го викаат туристичка агенција“, вели Деса Пауновска.

„Чувствувам незадоволство кај колегите обвинители од работата на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, вели Ермон Незири во дел од дебатата.

Тие, според најавата ги судриле ставовите. Во исечокот стои реакција на Русковска која се бунтува и вели: „Сите снимаат со телефоните, веќе аман од тоа!“.

Обвинителот Ермин Незири реагира: „Нема еднаква пракса во работењето!“.

„Мора некако во тоа обвинителство да се знае кој што работи“, посочи и обвинителката Пауновска.

Тие ги вкрстиле и аругментите.

„Опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша“, кажа Русковска.

Кандидатот Ислам Абази избегал од дебатата.

„Од тука ќе нема одговор и на прашањето дали зад него стои политичката партија ДУИ како што се шпекулира во јавноста“, кажа водителот Кристијан Ландов.

Сите обвинители се надеваат на победа. Тие кажуваат проценти на можна победа.

„70-80%“, кажува Незири.

„100%… 110 посто, како беше од Амди Бајрам“, вели Пауновска.

„Ај сега да не го цитирам уште еднаш Амди Бајрам, доста беше еднаш“, кажа Русковска.

Емисијата е утре во 12 часот на „А1он“.

На почеток