Актуелно

ВИДЕО: Рашковски како студент не го сакаше НАТО, а како обвинет 17 пати го споменува во соопштение

Некогашниот генсек на Владата и обвинет во предметот „Софтвери“, Драги Рашковски, утрово коментираше за НАТО преку соопштение, се повикуваше за процедури на оваа организација чија членка е и Македонија. Ова се случува истоворемено, кога него му се суди за незаконска јавна набавка и делење на хонорари.

Истовремено, јавноста се сети и на моменти кога Рашковски зборуваше контра НАТО, додека беше студент, втора година, на Правниот факултет. Во денешното соопштение, преку кое коментира за чувањето докази во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од кое е обвинет, дури 17 пати го споменува НАТО. Се повикува и на нивните стандарди, па дури и дека се борел за НАТО.

„Не се боревме за НАТО толку многу за тие да не брукаат“, вели Рашковски меѓудругото.

Сепак, на интернет постојат траги каде Рашковски вели дека е подобро НАТО да не нѐ сака. На ораторските вечери организирани додека тој е студент на Правниот факултет, може да се слушне и осети анти-западниот сентимент на тогаш младиот Рашковски.

„Подобро што НАТО не нѐ сака, нивната љубов боли“, велеше Рашковски како студент, па во истиот говор коментираше и за НАТО и состојбата во Македонија во 2001 година и додава: „Двоумејќи се како да ги наречат терористите, на крајот ги крстија борци за човекови права. Тие исти, фамозните права ги бараа со палење куќи, масакрирање војници, протерување на се што не е нивно…Зошто не би требало да бараме влез во НАТО? Прво не нѐ сакаат… Доколку НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај Боже НАТО пак да ни гарантира. Додека љубовта и парите го вртат светот, НАТО го бомбардира“.

Целиот негов говор:

На почеток