Свет

Хрватската претседателка со својот изглед ја засени Меланија Трамп

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, привлече големо внимание на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија во Њујорк.

Нивната заедничка фотографија го обиколи светот, а голем број луѓе го пофалија изгледот на хрватската претседателка.

Неколку дена по оваа средба, хрватските медиуми истакнуваат дека Колинда со својот изглед направила огромна реклама на својот бренд, по што фустанот кој го носела на средбата за кратко бил распродаден.

Хрватските медиуми велат дека Колинда со својот изглед ја засенила дури и Меланија Трамп, која важи за една од најдобро облечените жени во светот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток