Свет

Црна Гора воведува високи казни – од 300 до 2.000 евра за секој што нема да стане додека свири химната

Црна Гора воведува високи казни за непочитување на државната химна. Секој оној што нема да стане додека свири националната химна на Црна Гора ќе плати казна од 300 до 2.000 евра. Ова е предвидено со предлогот измените на Законот за државните симболи и Денот на државноста, која го утврди владата во Подгорица.

Црногорскиот министер за култура, Александар Богдановиќ изјави по седницата на владата дека со измените се воведува обврска за единиците на локалната самоуправа и јавните установи, основани од државата или општината, постојано да го истакнуваат знамето на згради во кои се сместени овие органи и институции.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот се воведува обврска да се стои додека свири националната химна на Црна Гора и дека ќе се воведат казни за непочитување на оваа законска одредба. Казната за физички лица кои нема да станат во текот на изведбата на химната на Црна Гора, ќе изнесува 300 до 2.000 евра, а за фирмите од 300 до 6.000 евра.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток