Во Осло денеска ќе биде објавен лауреатот за Нобеловата награда за мир. Познато е само дека се предложени 331 лица и организации. Списокот со номинирани е тајна.
Лауреатот го избира петчлен Нобелов комитет.
За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.
Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.
