Коментар на денот: На денот на “лидерската”, ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски!


„Која иронија… На денот на “лидерската”, ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал! Велемајсторски“, напиша Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
Ова доаѓа откако Ислам Абази е избран за нов шеф на ОЈО-ГОКК. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.
Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.
