Пристигнаа честитки за денешните уставни измени. Некој како само да чекаше за да ги испрати. Првите честитки до Владата пристигнаа од високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.
Според нив “ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.
“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина.
Во очекување на завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон заедничката стратешка цел за интеграција во ЕУ”, изјавија Могерини и Хан.