Македонија

(ВМРО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските

„Денес ИК  на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе следните заклучоци:

  1. ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, културата и историјата и тој став е непроменет и се темели на партиската идеологија и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 и 30 септември 2018.
  2. ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, кутурата и историјата се направи на насилен и криминален начин по пат на притисоци закани и пазарење. Одлуката за промена на името е одлука на 81 пратеник, не е одлука на Македонските граѓани. Со ова се суспендира волјата на граѓаните. Ова е чин на предавство.
  3. Со овој договор се нанесува штета на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена
  4. Денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ останат на власт Македонија ќе продлжи да губи и на ова и на сите други полиња. Ова мора да престане да се промени, а ќе се промени доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските.

Почитувани граѓани, вие давате и земате власт затоа избори се потребни на кои народот ке има глас да каже каква Македонија сака: Северна Македонија на Зоран Заев или Македонија на народот .

Овие црнила на Заев ќе бидат поразени, а Македонија ќе победи и зората ќе изгрее“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток