Свет

ЕМА ја препорача бивалентната вакцина на Фајзер, дејствува против оригиналниот вид корона и омикронските подваријанти

Партнерските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека Европската медицинска агенција (ЕМА) препорачала нивната бивалентна вакцина против Ковид 19 да биде одобрена како бустер за деца на возраст од пет до единаесет години.

Вакцината е дизајнирана да делува против сојот омикрон и веќе е одобрена од Европската комисија за луѓе на возраст од 12 и повеќе години.

Подобрената бивалентна бустер вакцина делува против оригиналниот вид на корона вирусот, како и против омикронските подваријанти BA.4 и BA.5.

Во октомври, ЕМА го поддржа одобрувањето на бустер вакцината „Moderna“ MRNK.O против ковид 19 за луѓе на возраст од 12 и повеќе години за дополнително зајакнување на кампањата за вакцинација во Европа.

На почеток