Вонредна седница на ОН на барање на Германија и Исланд


Советот за човекови права на ОН треба да одржи специјална седница за Иран кон крајот на овој месец, откако тоа го побараа Германија и Исланд.
Германија и Исланд денеска поднесоа барање до највисокото тело на ОН за заштита на човековите права да се одржи специјална седница за актуелните протести во ОН кон крајот на овој месец, се наведува во документот, а пренесува Ројтерс.
Во писмото, потпишано од амбасадорите на двете земји, се бара тема на седницата да биде влошувањето на човековите права во Иран, особено кога се во прашање жените и децата, пренесува Ројтерс.
АП додава дека Советот за човекови права ќе одржи седница по 21 ноември, а „ако е можно на 24 ноември“.
Протестите во Иран избија по смртта на 16 септември на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена од полицијата поради неправилно носење хиџаб.
Според активистите за човекови права во Иран, во протестите загинале најмалку 328 лица, а уапсени се 14.825 лица.
