Актуелно

Историски ден за Украина, прослава во Херсон по повлекувањето на руските војници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека враќањето на украинските војници во Херсон е историски ден и вети дека ќе ја врати целата окупирана Украина.

„Нашиот народ. Наш. Херсон“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, поздравувајќи го историскиот ден и ветувајќи дека ќе ја поврати цела окупирана Украина, пренесе Би-Би-Си.

На улиците на Херсон вчера имаше прослава кога украинските војници пристигнаа во градот од кој Русија се повлече.

Украинските знамиња се вееја на улиците, а локалните жители скандираа кога пристигнаа украинските војници.

Зеленски претходно во петокот изјави дека специјалните единици на украинските вооружени сили веќе се во градот Херсон на југот на земјата, по повлекувањето на руските трупи, пренесе Ројтерс.

„Денес е историски ден. Ние сме во процес на враќање на Херсон“, рече тој вчера во видео обраќање.

Зеленски рече дека украинските бранители се приближуваат кон градот.

„Ќе влеземе наскоро. Но специјалните единици се веќе во градот“, рече Зеленски, пренесе АП.

Зеленски, исто така, рече дека жителите на Керсон чекаат и никогаш не се откажале од Украина.

На почеток