Зеленски: Руските сили напредуваа во регионот Харков, но ситуацијата е стабилизирана
Руските сили напредуваа 10 километри во една област во регионот Харков, но ситуацијата денеска се „стабилизира“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува РБЦ-Украина.
„Денес нашите одбранбени сили ги „стабилизираа“ русите таму каде што се. Најдлабоката точка на нивното напредување е 10 километри“, изјави Зеленски на новинарите, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека главната причина што им овозможила на русите да ја преминат границата во правец на Харков е поврзана со немањето систем за противвоздушна одбрана, што настанало поради долгото чекање за помош од партнерите, објави Unian.net. Според претседателот на Украина, во некои области русите воопшто не можеле да напредуваат. Зеленски изјави дека во регионот на Харков се изградени три одбранбени линии, а русите се уште не се приближиле до најкомплексната од нив, застанувајќи само на првата.
„Никој не стигна до конкретна линија на одбрана, тоа што го велат е глупост. Непријателот стигна до линијата на фронтот“, рече Зеленски.