Свет

Конгресот гласаше против желбите на Бајден: Нема прекин на испораките за Израел

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше против одлуката на претседателот на оваа земја Џо Бајден да ја прекине испораката на тешко оружје за Израел.

Голем број претставници на Републиканската партија, заедно со 16 претставници на Демократската партија, гласаа за продолжување на испораката на одредени видови бомби за Израел.

Вкупно „за“ гласале 224 пратеници, а „против“ 187. Само тројца републиканци беа против овој предлог-закон.

Според усвоениот закон, доколку Бајден не ја повлече својата одлука, би дошло до големо намалување на буџетот на одредени владини агенции, вклучувајќи го и Националниот совет за безбедност.

Сепак, мнозинството во Горниот дом, односно Сенатот го имаат демократите, кои веќе ја изразија својата поддршка за одлуката на претседателот Бајден. Тој најави и дека ќе стави вето на овој закон доколку помине на гласање во Сенатот.

На почеток