Свет

Документирани се над 400 руски воени злосторства, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските војници за воени злосторства и убиства на цивили во Херсон.

„Истражниците веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, како и во другите региони на земјата низ кои минуваше“, рече Зеленски во видеото во текот на ноќта, пренесува Ројтерс.

Ројтерс не можеше да ги потврди наводите на Зеленски, а Русија негира дека нејзините војници намерно ги загрозувале цивилите.

На почеток