Свет

Украина: Белорусија објави тендер за печатење на 50.000 повици за мобилизација

Генералштабот на вооружените сили на Украина тврди дека добил информација дека Белорусија објавила тендер за печатење на 50.000 повици за мобилизација.

„Според достапните информации, воениот комесаријат на регионот Брест распишал тендер за печатење на 50.000 повици за мобилизација до 31 декември тековната година“, пишува во дневниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Белорусија вели дека не сака директно да биде вклучена во војната, но дозволува руските војници да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја искористи како позадина за својата воена операција во Украина кон крајот на февруари.

Минск и Москва најавија заеднички воени сили во октомври, а украинската војска е загрижена поради „растечката закана“ од нова руска офанзива од Белорусија.

На почеток