Свет

Американски функционери тврдат дека Украинците испукале ракета

Прелиминарните проценки сугерираат дека украинските сили го испукале проектилот.

Тројца неименувани американски функционери цитирани од АП велат дека проектилот бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана.

Според еден од нив, проектилот завршил во Полска, откако бил истрелан врз бараж руски ракети при напад врз украинската енергетска инфраструктура. Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени јавно да разговараат за ова прашање.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ракетата во која загинаа две лица во Полска најверојатно не била истрелана од Русија. Бајден го изјави ова по разговорите со западните лидери поради загриженоста дека конфликтот во Украина може да се прелее и во соседните земји, според Ројтерс.

НАТО и САД го истражуваат инцидентот.

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека ракетата паднала врз Пжеводов, село на околу шест километри од границата со Украина. Русија негираше дека е одговорна за експлозијата, но полскиот претседател Анджеј Дуда им рече на новинарите дека „најверојатно станува збор за проектил од руско производство“, но дека нема конкретни докази кои би покажале кој го истрелал проектилот.А

На почеток