Актуелно

„Земјата е толку лошо заштитена, што може да ја погоди било што, а целото НАТО нема ни да знае“, вели Симонјан

Маргарита Симонјан, главен уредник на Рашa тудеј и „пропагандист“ на рускиот претседател Владимир Путин, на Телеграм коментираше за ракетите што паднаа врз Полска.

Ракетите убиле две лица во полското село Пжеводов, на истокот на земјата и во близина на границата со Украина.

„Сега Полска има свој регион Белгород. Што очекувавте?“, напиша Симонјан на Телеграм. Покрај тоа, Симонјан објави на Твитер: „Добра вечер, 1962 година“.

Таа го спомна Белгород, кој е руски град на околу 40 километри од границата со Украина.

„Ако ова не е намерна провокација, тогаш има само една добра вест. Земјата на НАТО е толку лошо заштитена што случајно може да ја погоди било што, а целото НАТО нема ни да знае кој ја удрил, со што и зошто“, напиша таа.

На почеток