Актуелно

(ВИДЕО) Трамп ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори

Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД и губитник на последните претседателски избори, ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.

Трамп беше 45-тиот претседател на САД, а таа функција ја извршуваше од 2017 до 2021 година, кога на власт дојде актуелниот претседател Џо Бајден.

Ова се негови трети избори во кариерата, а најавата за неговата кандидатура, која беше објавена од неговата база во Мар-а-Лаго, Флорида, доаѓа по среднорочните избори на кои републиканците не поминаа добро, не успеаја да ја освојат контролата врз Демократската партија од Конгресот на САД.

Соработниците на поранешниот претседател ги поднеле документите потребни за кандидатурата, а Трамп примил бројни гости на луксузен имот на Флорида.

„Враќањето на Америка започнува токму сега“, рече Трамп.

„Ја објавувам мојата кандидатура за функцијата претседател на САД со цел да и ја вратам големината и славата на нашата земја. Ова нема да биде моја кампања, ова ќе биде наша кампања.

На почеток